ИРЛ: Пандемски профитерски поход: Здравје за богатите, смрт и трауми за сиромашните

Ковид 19 ги покажа ефектите во државното здравство од децениски лошите политики. Но, ги покажува и последиците од влијанието на круговите на малкумина моќници врз менаџирањето на Фондот за здравство. Во последните две децении се одлеаја стотици милиони евра на сметка на приватните интереси. Сега системот е пред нов предизвик, но и притисок: Круговите на моќ насетија дека државното здравство е на работ на немоќта. Како и во првиот бран, така и во овој видоа шанса за профит во време на пандемија. Овој пат, цената е многу повисока, a парите се клучни во опстанокот..

Dilara Özden's "Corona Fan Art" illustration.
Dilara Özden’s “Corona Fan Art” illustration.

Заработките од скапите приватни тестови се вртоглави. Се нудат пакети за постковидни проверки како рентген и лаборатории, додека граѓаните мачат мака да добијат навремена дијагноза и да закажат термини. Се нуди ексклузивна и скапа нега за ковид болните кои се во критична состојба и мораат да бидат хоспитализирани, а не успеале да добијат болнички кревет во државното здравство. Во рекламите на приватните болници, се води цела аниткампања против државното здравство. Се прикажуваат среќни и задоволни пациенти кои што не штедат лоши и веројатно заслужени зборови за нивниот престој во некоја од приватните болници.

Но, една третина од вработените во земјава треба да ја потрошат цела своја плата само за основната терапија и еден контролен тест доколку се Ковид позитивни. Државните тестирања потешко се закажуваат и резултатите доцна се добиваат.

Масовното тестирање, иако се вбројува меѓу дел од успешните методи за контрола на заболени и спречување на нови случаи е скап модел кој не секоја држава може да си го дозволи за сите свои граѓани. Втората опција е приватен тест којшто во просек чини од 2.000 до 4.000 денари. Кај ранливите граѓани или оние со послаб имунитет, навремениот тест буквално значи живот. Но, за скромниот домашен буџет овој трошок е голем.

Итните случаи во приватна болница не ги примаат без брз тест од 12,000 денари

Маја Павловска од Скопје не успеа навреме да и’ обезбеди место на нејзината мајка во болница затоа што немаше доказ дека навистина умира од компликации од Корона вирусот. Минатата недела почина и беше постхумно дијагностицирана како позитивна. Оваа 60 годишна скопјанка добила термин за тестирање дури за четири дена од првите симптоми на вирусот.

Првата врата била болницата 8-ми септември. Ја примиле и и’ ја дале и неопходната кислородна поддршка. Додека ги чекале резултатите од ренген и лабораторија престојувала во амбулантниот дел. Резултатот не бил поволен, мајката на Маја веќе имала масовна пневмонија со едно целосно зафатено белодробно крило. Но, таа ноќ во болницата 8-ми септември немало ниедно слободно место, а пациентката морала да биде веднаш хоспитализирана. Докторот итно ги препратил во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби или во Институт за белодробни заболувања и туберкулоза TБЦ или во детската болница во Козле. Немале среќа. Пробале и во приватна болница.

„Не сакаа да не’ примат дури ни во приватните болници, требаше да помине ноќта која беше критична за дури утрото да ја тестираат со брз тест кој чини 12.000 денари, па потоа да си бараме сместување“.

По одбивањето од останатите болници, Маја Павловска заедно со својата мајка се вратила во болницата 8-ми септември. Заедно со докторите чекале да се ослободи место.

Истражувањето на ИРЛ во целост прочитајте го тука

Back to top button
Close