Во Албанија вратени два автобуса со сезонски работници поради позитивни брзи тестови

Од петокот, на граничниот премин Какавиа, поставени се мобилни единици на Националната организација за јавно здравје на Грција и на сите кои влегуваат во земјата им се прават брзи тестови за Ковид-19, иако задолжителна е и потврда за претходно направен негативен ПЦР тест.
Според медиумите во Грција, станува збор за фалсификувани потврди со негативен резултат.
До 20 ноември, при влезот во Грција се правеа молекуларни ПЦР тестови, меѓутоа поради доцнењето на резултатите, не можеше веднаш да се провери дали потврдите со негативен резултат се точни и затоа сега веќе се воведени рапид тестови.