Кабинет на Груби: Интернет страницата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се уште се обработува и се комплетира

Прв вицепремиер е и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, ама интернет страницата на институцијата која ја раководи нуди содржини само на албански јазик. Откако медиуми објавија за ова, од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби велат дека интернет страницата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во овој двонеделен период била нефункционална.

„Беше нефункционална, поради недоразбирање со сега веќе претходната компанија која што ја одржуваше интернет страницата https://mpsoz.gov.mk/. Веб страницата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците моментално се обработува и не е целосно комплетирана. Секако дека истата ќе биде на македонски јазик и на албански јазик, соопштија од кабинетот на првиот вицепремиер Груби.

Претходно за ова реагираше Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ која побара и казни.

„Дополнително, за ова министерство, кое треба да се грижи за правата на сите заедници не постои ниту ТУРСКИ, СРПСКИ, РОМСКИ, ВЛАШКИ и БОСАНСКК јазик. Има ли институција или функционер од оваа Влада што ќе провери дали македонскиот јазик (согласно Уставот на Република Македонија) се употребува во сите институции на цела територија на целата држава?

За ова е предвидена глоба во член 22, став 1 и 2, а во врска со член 1 од Законот за употреба на јазиците. Ќе има ли Владата сила и храброст да го казни нејзиниот потпретседател Артан Груби и да го спроведе Уставот и законите?прашува Димовски.

Back to top button
Close