Толку арно, не ќе да е – на арно, другар Заев!
Преголема леснотија на зборот.
Убива пресилниот збор (Миљковиќ).
Пуштениот збор е како незауздан коњ (Конески).
Коњот се држи, за уздата, а човекот за зборот.
Се може се да се измие и испере.
Се, освен – зборот!
Голема е разликата, помегу државникот и политичарот.
Државникот го раѓа народот, а политичарот – политичкиот инкубатор!
Толку мед и млеко, не ќе можат да конзумираат и самите Бугари.
Толку арно, не ќе да е – на арно, другар Заев.
Емоциите не се добар сојузник во политиката.
Веле Митаноски