Максим Димитриевски: Ако Борисов не се огради од Каракачанов, да се стопираат преговорите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски преку Фејсбук ја коментираше изјавата на бугарскиот вицепремиер Каракачанов:

Срамни и понижувачки се ваквите шовинистички изјави на Каракачанов. Доколку Премиерот на Република Бугарија г-дин Борисов не се огради од ваквите навредливи изјави на неговиот Вице Премиер Каракачанов потребно е да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор. Да се изгради сеопшт национален консензус во Македонија по прашањето и да се продолжи понатаму со разумни луѓе од другата страна кои што нема да провоцираат и собираат евтини политички поени туку ќе бараат решение.
Ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот Македонски народ и сите наши граѓани.
Очекувам дека и колевката на демократијата и човековите права и слободи Европската Унија и официјално ќе ги осуди ваквите навредливи изјави од страна на бугарските официјални лица.
Министерството за надворешни работи веднаш треба да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота.

Back to top button
Close