Вујновиќ: Невнимателно користење антибиотици може да предизвика нова пандемија

 

Невнимателното воведување антибиотици и антивирусни лекови поради пандемијата на коронавирусот може да доведе до нова пандемија, која може да биде уште полоша, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ на прес-конференција, во пресрет на Светскиот ден на борбата против сидата.

– Тоа е многу важно прашање, антивирусни лекови и антибиотици. Ако не пиеме антибиотици внимателно, затоа што треба да ги користиме само кога лекарот ќе ги препише, додека сите лекари треба да бидат многу внимателни во проценката дали се потребни или не, можеме да се соочиме со уште полоша пандемија по коронавирусот – истакна Вујновиќ.

Таа додаде дека станува збор за пандемија на микроорганизми отпорни на антибиотици и антивирусни лекови.

Вујновиќ порача дека од витално значење е да се сфати дека коронавирусот ни даде поттик да ги преиспитаме нашите ставови за заразните болести.

Back to top button
Close