Ахмети стана почесен доктор на тетовскиот Универзитет

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети стана почесен доктор, откако државниот универзитет на Тетово му го додели признанието почесен „Доктор Хоронис Кауса“, соопшти Наставно-научниот совет на правниот факултет.

– Согласно член 184 од Законот за високо образование на Република Северна Македонија и членовите 264 и 265 од Статутот на Универзитетот во Тетово, Наставно-научниот совет на Правниот факултет врз основа на одлуката за прифаќање на Иницијативата на ректорот на Универзитетот во Тетово Проф. Д-р Вулнет Амети за доделување на титулата „Доктор Хонорис Кауза“ на г. Али Ахмети – гласи во соопштението.

Комитетот за доделување на признанието е составен од професорите Вулнет Амети како претседател и Шезаи Рокај и Арсими Бајрами како членови.

Back to top button
Close