Приведени двајца дилери на марихуана од Скопје

Полицијата приведе две лица од Скопје осомничени за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на 30.11.2020 ги привеле Ф.Г. (34) и Н.Ж. (45), двајцата од Скопје, соопштија денеска од МВР.

– Претходно, по добиена наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес кај Ф.Г., кој бил затекнат во напуштен објект на ул. „Босна и Херцеговина“, заедно со Н.Ж., при што кај нив биле пронајдени марихиуана и две ваги, која ја подготвувале во помали пакувања за улична продажба, се појаснува во соопштението од МВР.

Ф.Г. и Н.Ж. биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Back to top button
Close