Германските сојузни покраини размислуваат за промена на правилата за одлучување за да спречат евентуално вето од АфД

Владите на германските сојузни покраини разгледуваат промена на правилата за гласање со цел да спречат десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) да блокира клучни одлуки доколку ја преземе власта во Саксонија-Анхалт, каде што освои мнозинство на изборите одржани на 6 септември, изјавија денеска за „Блумберг“ извори запознаени со прашањето.
Промената на правилата што се разгледува се однесува на гласањето во Конференцијата на претседатели на влади на сојузните покраини – форум во кој 16-те германски покраински премиери ги координираат своите ставови за важни прашања, како што се федералното и покраинското финансирање, миграцијата и енергетиката.
Лидерите на сојузните покраини разгледуваат можност за преминување кон одлучување со мнозинство гласови, наместо досегашното едногласно одлучување за прашања што имаат буџетски импликации и за формирање заеднички институции. Според изворите запознаени со разговорите, ваквиот чекор би можел да ја спречи АфД, доколку успее да формира влада во Саксонија-Анхалт, да ги блокира таквите одлуки во систем во кој претходно беше потребна целосна едногласност. ссм/сд/
Можно е и ова да ти се допаѓа
Катар покренува одделни преговори за прекин на огнот со САД и со Иран
Свет
Катар покренува одделни преговори за прекин на огнот со САД и со Иран
Штета на два соседни објекти од експлозијата во двокатната зграда во атинската населба Плака






