Словенија на врвот во Европа според неделниот број на смртни случаи од Ковид-19

Според статистиката на школата Оксфорд Мартин, Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на смртни случаи од коронавирус, со просечен број од 23,23 пациенти на милион жители. Статистичките податоци покажуваат дека во моментов најтешка е состојбата во Југоисточна Европа, каде Бугарија е на врвот на листата со 19,86, Северна Македонија со 14,88 и Босна и Херцеговина со 14,76 на милион жители, пренесува порталот 24 УР.

Како што се наведува, на почетокот на пандемијата, Белгија имаше највисока неделна смртност со 28,77 смртни случаи.

Кога станува збор за вкупната смртност, најпогодена е Велика Британија, каде починале 3,6 проценти од вкупниот број на пациенти, по што следи Италија со 3,5 проценти.

– Словенија стана земја со најголем број смртни случаи во Европа од средината на ноември, но многу е тешко да се каже дека е на прво место, изјави епидемиологот Алекс Јакулин.

Back to top button
Close