Негувателка во градинка во Кавадарци позитивна на Ковид-19, во изолација 13 деца и две вработени

 

Негувателка во градинка во Кавадарци е позитивна на Ковид-19. Во изолација се 13 деца, една негувателка и една воспитувачка, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

– Изминатите 24 часа регистрирани се 44 случаи позитивни на коронавирус во Тиквешијата. Дваесет и четири од Кавадарци, по десет од Неготино и од Демир Капија. Најмладиот новозаболен има 13 години, истакна Јовановски.

Тој додаде дека се утврдуваат нивните контакти, со цел да се изолираат.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close