Брисел: Сè уште нема договор меѓу ЕУ и Велика Британија

Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, на своите колеги во Брисел им соопшти дека се уште не е постигнат договор за трговија со Велика Британија по Брегзит.

Барние изјави дека се уште не се решени трите најчувствителни прашања, но дека денеска ќе продолжат разговорите со Дејвид Фрост, претставникот на Велика Британија.

-Барние не е оптимист во врска со конечните резултати од преговорите со Велика Британија и тоа им го соопшти на националните амбасадори на ЕУ за време на денешниот брифинг, откри неименуван висок дипломат на Унијата.

Дипломатот, кој беше на брифингот, рече дека Барние им рекол на своите колеги од ЕУ дека постојат очигледни разлики меѓу двете страни и дека топката сега е во полето на британскио9т премиер Борис Џонсон.

Back to top button
Close