Бучкоски во Софија, е сол врз жива рана: Иван исцелителот – министер за здравство!?

Бугарските медиуми, вчера, побрзаа да соопштат, дека, “на покана на бугарската влада!”, Владо Бучкоски, денес и утре, е во “столицата”! Ќе има состаноци со премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов, како и со претседателот Румен Радев.

Таман навреме, за да им намести топка на пеналтикот: ете, откако братски ви ја зцрнивме иднината, и ние сме кооперативни, разговараме…!?

За агенцијата БГНЕС, Бучкоски изјави дека за “столицата”, ќе патува “Като добър приятел и с добра воля”.

Зашто да не? Не сме малкумина кои во бугарскиот народ гледаме со добра воља, гаиме пријателски чувства, имаме бројни пријатели.

Од Каракачанов деновиве слушнавме, навидум, добар предлог: бугарските медиуми да не преведуваат од македонски на бугарски.Не дека не ја знам скриената намера на овој шутрак од политичар. Тој, тоа го кажува така колку “да не се сетат Власите!”, а, всушнос, сака да каже: кога ќе дојдеме ние таму, ниту на официјалните средби, ниту во македонските медиуми, да нема превод од бугарски на македонски!

Па сепак, зашто во Бугарија и нема толку потреба да се преведува од македонски на бугарски? Едноставно, затоа што таму има неспоредливо повеќе Бугари кои тоа ќе го разберат, отколку обратно. И порано сум ви раскажал за “дешавката”, некаде 2004-та година, сред “столицата”, во хотелот “Балгарија”, за средбата со првите луге на бугарските медиуми. Од премиерот Црвенкоски побарав да не се “губиме во преводот”, а преведувачката која ја донесе тогашниот амбасадор Љубиша Горгиески, времето да си го искориусти за одмор. Барањето беше, така, од апансус-директно на работната маса. После два – три стрoги, онака – бранковски погледи, премиерот прифати да биде така, “ама на моја одговорност”.

И би така. И би голема средба и би неверојатна медиумска покриенст. И би мојата разделба со Бранчета, ама поради друг повод и поради друга личност!

Нејсе. На кој јазик ќе говори Бучкоски во Софија денеска? Ќе говори на македонски, а ќе користи нешто и бугарски, за впечатокот да биде комплетен. Кога умрел другарот Сталин, оние околу него, кои уште недоумрен порогласиле една недела национална жалост, додека во Лагерот (сининим за Варшавскиот пакт), со нагласок- особено кај најверните (разбира се Бугарија) забраниле секакви “угодствија”, освен секс. Ама секс само со својата животна партнерка, за впечатокот, жалоста да биде комплетна!

Ете, така, Бучкоски ќе не претставува денеска и утре во Софија. Ќе се умилкува, ќе им угодува, ќе го кажува само она што е угодително за бугарските (овде мислам на властодржечките) очиња и ушиња! Тоа е во неговиоит хабитус, тој не знае никого да навреди, никому не му се лути, на секого му го врти и вториот образ – после првата шлаканица. Ама, сето тоа – ПОРАДИ СЕБЕ.

Но, проблемот е во тоа што тој денеска и утре е во Софија е ПОРАДИ НАС! Ете, не сум сигурен дека, целиот државен врв – УНИСОНО, посака да се види со Бучкоски – ПОРАДИ НАС. Се си мислам дека е единствено, ПОРАДИ НИВ, малку и за Бучковски да се рашетува и да глуми големина! Ама, тоа веќе не е мал проблем, особено што е НАШ голем проблем.

Бугарите, односно официјална Софија добро знае кој е Бучковски. Како за него заедничките прослави не беа проблем уште во 2006-та година. Кога ги изгуби изборите. Само Заев (ете за жал и Пендаровски!), не знат дека најголемиоит отпор кон Бучкоски, доага токму од членството на СДСМ. Широкото членство добро знае кој е Бучкоски, како политичар, но и како човек.

Денеска да го испратите Бучклоски во Софија, е исто како на жива рана да додавате сол! Пред се, како човек, но и политичар. Тоа е поигрување со интелигенцијата. На партиското членство, на граѓанството,на народот. Неговите “заслуги” се конкретнa и трајна “додадена вредност!” (зборови на Владе!) за СДСМ, ама и за сите нас: тенковски делови (3 годишна затворска казна), милиони евра од Телеком (спроведена постапка и изречена казна во Вашингтон-90 милиони долари од салдото на Телеком, за истиот случај, плус во Црна Гора) и уште нешто што е малку експлоатирано – реПАРАцијата на хелихоптерите од израелска фирма. Па уште и овчарот со кожена наметка Иснифарис, а, тек што, еден убав ден, ќе исплива од Охридското Езеро!?

Претседателот Пендаровски, на почетокот од мандатот, беше максимално присутен на социјалните мрежи. Тоа беше добро, беше на почеток од мандатот. Потоа малку се смири, за сега повторно да влезе во експанзија. Објави и фотографија од приемот на Бучковски во претседателскиот кабинет, со објаснување: “за текот на разговорите за решавање на македонско – бугарскиот спор денеска ме информираше Владо Бучковски, специјалниот претставник на Владата за ова прашање!”.

Претседателот се соочи со лавина од коментари: добронамерни, без навреда на негова сметка, но со неверување и исчуденост за неговиот потег. И самиот си дозволив себеси да го подучам, во иднина да биде многу поселективен во потезите. Зашто?Зашто? Затоа што и тој самиот, и лугето околу него, морале да ја антиципираат жестоката реакција. Морале да знаат дека не се праќа во Софија човекот кој е осуден за софискиот данајски подарок – тенковите, односно, тенковските делови, кои, заедно завршија на тополница!

Е, многу добар преговарач, да не има уште тенкови за во топилница? Скар Претседателе! Уште Иван исцелител, да го ставите, министер за здравство! Трагикомика!..

Само делод коментарите. Кој тоа не можеше да го предивиди? Ако,пак, свесно се влегло во таа авантура, тогаш!?

Веле Митаноски

Back to top button
Close