Нагелсман нема да го напушти Лајпциг

 Извршниот директор на бундеслигашот Лајпциг, Оливер Минцлаф, ги негираше шпекулациите дека главниот тренер на тимот Јулијан Нагелсман би можел да ја предводи Борусија Дортмунд.

– Можам да ви кажам сигурно, Јулијан ќе остане наш тренер и следната сезона. Нагелсмен создаде одличен тим и се чувствува одлично во него. Тој сè уште нема да ги спакува куферите. Не сме загрижени за тоа, изјави Минцлаф за „Билд“.

Беше објавено дека по оставката на Лусиен Фавр од Борусија, раководството на тимот на Дормунд размислуваше Нагелсмен да го замени на тренерското место.

Договорот на 33-годишниот тренер со Лајпциг се пресметува до летото 2023 година.

По 13 одиграни кола во германскиот шампионат, избраниците на Нагелсман се наоѓаат на третото место на табелата со само два бода помалку од водечкиот Баерн Минхен.

Back to top button
Close