Спасовски: Казната не е доволна за возачот кој ги вознемири луѓето на плоштад
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја осуди синоќешната случка, во која возач од Арачиново брзо возеше на плоштадот Македонија во Скопје.
Полицијата веднаш го пронајде и го казни 45 евра, но тука се отвори прашањето: дали оваа казна е доволна за таквото однесување?
„Имаме неодговорни граѓани кои се однесуваат бахато во такви услови. Важно е дека полицијата веднаш постапува. Не е доволна казната за возачот. Тука треба да се размислува, да има казни кои би биле подрастични. Не се времињата во кои некој така може да се однесува на плоштадот“, рече Спасовски.