Последни како земја ќе обезбедиме вакцини против коронавирусот, вели Мицкоски

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека вакцините против коронавирусот во земјава ќе пристигнат најверојатно во март следната година. Тој додаде дека државата има издвоено средства за набавка на вакцини и ќе си ги плати. Но, потенцира, ако станува збор за донација, тогаш ние со задоволство ќе ја прифатиме без разлика од некоја држава или пак од Унијата. Тој истакна дека се обезбедени и соодветни фрижидери за чување на вакцините. Ќе се води и јавна кампања за потребата од вакцинирање за да се вакцинираат поголем број граѓани за да се стопира ширењето на пандемијата. Вакцината, нагласи тој, нема да биде задолжителна, бидејќи секој граѓанин има право да одлучува за својот организам.

Целиот систем е врзан со КОВАКС системот. Кога ќе тргне вакцината, но, збориме за вакцинација на населението, а не за две илјади, пет илјади вакцини и да се натпреваруваме кој прв набавил. Колку доктори и сестри имаме ние само за вакцинирање, над 12-13 илјади се само медицинскиот персонал директно што работи на КОВИД, така што јас очекувам дека март ќе биде месецот на вакцинирањето, рече Заев во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Тој вели дека има земји, како Србија, која веќе набавила вакцини, но тие, рече се само мал дел, и тоа не можре да се нарече вакцинација.

-Вакцинацијата е преку КОВАКС системот, не знам, прво стига Модерна и веќе почнува вакцинирањето. Додека се вакцинира стига Фајзер се вакцинира со Фајзер, стига Спутник и кои било – сите што се во КОВАКС системот, така што вакцинацијата е еден цел протокол којшто е дефиниран со насоките на СЗО каде што се дефинира целиот режим на пристигање и вакцинација на населението, но истовремено преку ваквиот еден систем се дефинираат и протоколите и приоритетите на вакцинирање, истакна премиерот.

На цело наше население, потенцира, му треба вакцинацијата заради тоа што преку тоа конечно се очекува  да застане оваа епидемија или пандемија на светско ниво.

-Затоа сме направиле ние како држава се, вградени сме во сите системи, сме предвиделе буџетски средства, сме уплатиле аванси таму кај што можеме заради тоа што не сме членки на ЕУ, сме ги направиле сите протоколи, сме се обратиле, сме побарале вклученост и слично, така не вклучила ЕУ која што нарачала 200 милиони за себе и 100 милиони за земјите на Европскиот континент коишто не се членки на ЕУ и кога ќе стигаат 200-те милиони ќе стигаат и нашите 100 милиони, од нив нарачавме дополнително од ЕУ за потребите на граѓаните, но еве, се понуди Грција – прифативме. Се понуди Бугарија – прифативме, се понуди Полска – прифативме, се понудија и други земји, Австрија спомна дека 5 проценти веднаш од тоа што го имаат ќе го дадат за земјите од Западен Балкан, истакна во интерјуто премиерот Заев.

Приоритети во вакцинирањето рече, ќе имаат здравствените работници, хронично болните и повозрасните лица.

-Јасно се дефинирани протоколите од нашата здравствена комисија, први се лекарите и медицинскиот персонал. Потоа хронично болните и возрасните луѓе. Дававме предлози, имавме дискусија до колку се развиваат после тоа групите, треба да добијат семејства коишто изгубиле човек. Зошто? Заради тоа што сите се плашиме да не изгубиме човек. Тоа се сите наши граѓани. Нормално треба да се развија протоколите до крај. Би одел со сите сугестии откога ќе се завршат оние по протокол. Наставничките, учителките, воспитачките треба да добијат со нашите деца работат секојдневно. Но, дефинитивно треба да ги запазиме оние три категории – здравствените работници, хронично болните и постарите граѓани, истакна Заев.

Во врска со најавата за донација на вакцини од Бугарија, Заев нагласи дека е во ред и човечки кога некој, во случајов нашата соседна земја, ви подава рака да ја прифатите.

– Ние сме пријатели во регионот. Актот на донирање е акт на донирање. Овде не се работи дали може да си купиме или не. Ние имаме пари во Буџетот, ние за тоа сме предвиделе средства, имаме резервни дополнително средства предвидени во Буџетот и на крајот ја имаме буџетската резерва. Нема поважно прашање од здравјето на граѓаните. Ова е понудено како донација како што понуди една Грција донација, други европски земји, ЕУ или слично и затоа ја прифативме, затоа што во спротивен случај би биле непријатели, односно не би се однесувале пријателски према Бугарија. Не сакаме да бидеме исти. Сакаме да покажевме пријателство, истакна Заев.

Тој истакна дека ширењето на коронавирусот во земјава е забавено и апелира граѓаните да ги спроведуваат мерките со цел да не се промени ваквата состојба. Намален е и факторот на преносливост и сега, рече премиерот, е 0.92. Треба, рече да се внимава додека не стасаат вакцините со кои би можел да се изгради колективен имунитет и животот полека да почне да се враќа во нормала.

Заев најави дека ќе има и јавна кампања за вакцинирањето, со оглед на тоа што во јавноста има голема недоверба и резерва. Вакцинацијата, нагласи,  нема да биде задолжителна но затоа преку кампања на јавноста ќе и се објаснува за нејзината важност. Тој, како што рече, низ личен пример е подготвен да покаже дека граѓаните не треба да стравуваат и најави дека ќе ја прими вакцината кога тие ќе пристигнат во земјава.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close