Русија без национални обележја на ракометниот Мундијал

Русија на јануарскиот ракометен Мундијал ќе настапи без национални обележја, под името „екипа на Руската ракометна федерација“ (РХФ), објави вечерва Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).

Одлуката на ИХФ доаѓа по минатонеделната пресуда на Спортскиот арбитражен суд со седиште во Лозана (ЦАС) за забрана руските спортисти да користат државни обележја на големите меѓународни натпреварувања до 16 декември 2022 година.

Наместо државното знаме, на претстојното Светско првенство во ракомет ќе биде истакнато знаме со логото на РХФ, што ги има истите бои, како и руското знаме.

Сè уште не е познато која химна ќе биде интонирана на натпреварите на руската репрезентација, а според најавите, тоа веројатно ќе биде химната на ИХФ.

– Тесно соработуваме со Меѓународниот олимписки комитет и Рускиот олимписки одбор во насока да обезбедиме исполнување на сите барања во врска со одлуката на судот во Лозана, соопшти ИХФ.

Светското ракометно првенство ќе се игра од 13 до 31 јануари, а Русија е во група со Белорусија, Словенија и Јужна Кореја.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close