Уште едно признание за Левандовски, Полјакот најдобар во избор на IFFHS 

Полјакот Роберт Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер на светот во 2020 година, во избор на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (IFFHS) со седиште во Бон.

IFFHS денеска ги прогласи најдобрите за минатата година во вкупно 17 категории, во гласањето во кое учествува претставници на Институтот од 150 држави од сите континенти.

Наградата за најдобар фудбалер во женска конкуренција ја освои данската репрезентативка Пернил Хардер, додека Аргентинецот Лионел Меси го доби признанието за фудбалер на годината во Јужна Америка.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close