Алваро Мората ќе го пропушти мечот со Удинезе

Напаѓачот Алваро Мората ќе го пропушти натпреварот на Јувентус во 15. коло од италијанскиот шампионат, објави „Ла Газета дело Спорт“.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид кој е на позајмица во Јувентус, нема да им помогне на своите соиграчи против Удинезе поради повреда на десниот колк. Дваесет и осумгодишниот Шпанец се повреди за време на тренингот пред мечот.
Натпреварот Јувентус – Удинезе ќе се игра вечер во Торино со почеток во 20:45 часот.





