Обвинение за Зоран Теофиловски, член на Судскиот совет

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против седум лица за нелегална приватизација на земјиште во Тетово, а меѓу обвинетите е и судијата Зоран Теофиловски кој е актуелен член на Судскиот совет, потврдуваат за Фокус од Обвинителството. Соопштението дека е покренато обвинение е објавено на 31 декември, непосредно пред Нова Година, само со иницијали на обвинетите, пренесе Фокус.

Според обвинението, Теофиловски во периодот од 2011 и 2012 година, како претседател на Тениското спортско здружение Љуботен Тетово заедно со управителот на Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, преку петмина службеници издејствувале да биде легализиран објект кој не постоел, а потоа бил продаден. Тие се товарат дека овозможиле Тенискиот клуб Љуботен, да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште со површина од 4.410 м2, откупувајќи го по цена од 43 денари за 1 м2 односно вкупно за 188.307 денари, а на штета на средствата на државата.​

повеќе

Back to top button
Close