НБА: Четврта гостинска победа во низа за шампионот

Бранителот на титулата во НБА лигата Лос Анџелес лејкерс ја запиша четвртата послеователна победа на гостувањата во новата сезона, откако триумфираше синоќа над Мемфис со 94:92.
Лејкерси на паркетот беа прдводени од тандемот Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, кои постигнаа по 26 поени. Џејмс додаде 11 скокови и седум асистенции зад своето име, додека Дејвис запиша и десет скокови и четири асистенции.
Резултати од ноќта меѓу вторникот и среда:
Бруклин – Јута 130:96
Мемфис – ЛА лјкерс 92:94
Денвер – Минесота 123:116
ЛА клиперс – Сан Антонио 113:116
Портланд – Чикаго 108:111





