Мечот Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао официјално одложен поради снег

Раководството на шпанската Ла Лига претпладнево официјално го одложи денешниот меч меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао поради обилните снежни врнежи во престолнината.

Натпреварот меѓу актуелниот лидер во шпанското првенство и деветтопласираниот Билбао требаше да се игра од 16:15 часот, а новиот термин ќе биде утврден дополнително.

Поради снежното време што зафати големи делови на Шпанија, аеродромот „Барахас“ во Мадрид од синоќа е затворен.

Екипата на Атлетик полета во петокот попладне кон главниот град, но експедицијата се врати во Билбао, откако авионот не успеа да слета на мадридскиот аеродром.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close