98-годишниот Киро го победи Ковид 19 на скопската инфективна клиника

По дваесет дена лекување, инфективната Клиника денеска ја напушти еден од најстарите пациенти досега излечен од Ковид 19 – 98 годишниот Киро Ристов од Демир Капија.

Вели – не било лесно, но е пресреќен што кризата е зад него.

-Добро е заврши. Сега ми е студено надвор. Каде е колата да си одиме, кратко рече Ристов кој е роден 1923-та година.

Неговиот син за Телма изјави дека дедо Ќиро бил примен на Инфективна клиника на 25-ти декември и дека персоналот се грижел за здравјето на стариот од Демир Капија.

По дваесетдневен престој Киро Ристов како најстар победник што ја порази короната во Македонија, си замина за Демир Капија.

Како и сите други пациенти, болницата ја напушти со заштитна маска

Back to top button
Close