Водачот на мафија во Турција уапсен во хотел во Скопје
Водачот на мафијата во Турција бизнисменот Седат Пехер вчера бил уапсен во мал хотел во Петровец- Скопје објави Телма.

Телевизијата добила потврда од полицијата за апсењето и дека е уапсен бидејки го прекршил законот за престој во Р. С. Македонија.
Контроверзниот бизнисмен кој ја напуштил Турција за да се засолни на балканот наводно за да побегне од закани на луге од подземјето во Турција важел за водач на турската мафија.
Интересно е дека сега уапсениот бизнисмен Седат за време на престојот во Македонија имал средби со бизнисмени и политичари од Македонија.
Телма објави дека МВР засега освен потврдата за апсењето не открива во интерес на истрагата повеке детали, но објави фотографии од неговиот фејсбук профил од Октомври минатата година за средба на сопствениците на универзитетот ФОН и со градоначалникот на Маврово Ростуше со како што во Турција го нарекувале водач на мафијата во земјата.
Турски медиуми веднаш ја пренеле веста за апсењето на шефот на мафијата во нивната земја кој подолго време бил отседнат во мал хотел во Скопското село Петровец.






