Манчестер јунајтед постави рекорд, нема загубено 18 гостински натпревари во Премиер лигата

Тимот на Манчестер јунајтед вечерва одигра нерешено 0:0 на гостувањето кај Арсенал на „Емирати“ и постави клупски рекорд. Јунајтед немаат загубено 18 гостински натпревари во низа во Англиското фудбалско првенство (13 победи и 5 нерешени натпревари). Ова е најдолгата низа без пораз за време на настапите на клубот во Премиер лигата.

Следниот натпревар на гостински терен Манчестер јунајтед го игра на 13 февруари против Вест Бромвич.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close