Дибала може да се врати во Јувентус на натпреварот против Рома

 Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала може да се врати во составот во 21. коло од италијанскиот шампионат против Рома, објави „Фудбал Италија“.

Според италијанскиот медиум, 27-годишниот Аргентинец се вратил на тренинг во генералната група и се подготвува за мечот против Римјаните.

Во сезоната 2020/21, Дибала одигра 16 натпревари за Јувентус, постигна три гола и две асистенции.

Дибала нема одиграно натпревар од 10 јануари поради повреда на левото колено.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close