Кинески копнеж

Не сакав да навлегувам во бизарноста на глупоста зошто Дамјан е одбиен да земе награда оти не е средношколец и зошто и второпласираниот, кој е средношколец не можел да ја земе наградата. Ама, ме испровоцираа партиските апологети што почнаа да ја бранат министерката Мила Царовска и Министерството дека го одбиле Дамјан за награда оти така било по закон.
Како на тој што го пишувал решението не му бил чуден случајот? Зошто и министерката пред да го потпише не помислила – чекај, дај да најдеме некое решение како да го поддржиме ова дете. Не е Мила баш некоја од тие на кои не им текнува. Или, не видела што потпишува. Ѝ рекле така е законски и – потпишала.
Еве, дури и да е така, министерката да била заведена, да не знаела што потпишува и да им верувала на бирократите. Баш ме интересира дали ќе биде казнет некој од администрацијата што не си го вклучил мозокот на работа. Во приватни фирми обично таквите ги казнуваат, па и остануваат без работа.
А што се однесува до правилото „Сѐ по закон шефе“, сигурен сум дека и кога ги прават големите тендери се држат толку строго до законот како што го применија на малиот Дамјан. И за вработувањата во државна администрација исто така.
Целата колумна на Горан Михајловски на „СДК“ на следниот линк.






