Маричиќ за тв 24: Две години ефективен затвор и две години забрана за управување со моторно возило во случајот на сообраќајката кај млечен ресторан

 

Наша цел е да изградиме систем кој ќе функционира и ќе биде отпорен на притисоци и ќе даде видливи резултати, рече министерот за правда Бојан Маричиќ, во емисијата 24 анализа.

„Денес дознав дека Апелацискиот суд донел одлука со која ја преиначи одлуката за случајот „Сообраќајката кај Млечен ресторан“ и дал 2 години ефективен затвор и две години забрана за управување со моторно возило. Не знам дали е точно, ќе потврдат, информацијата неофицијално ја добив од луѓе кои се информирани.“ – рече Маричиќ.

Во сообраќајката кај „Млечен“, животот го загуби возачот на мотор, а неговата сопруга го изгуби бебето и имаше тешки телесни повреди.

Back to top button
Close