Зелена Средина: Загадениот воздух предизвикал смрт дури кај 15% од луѓето со вирусни болести

Известување на еколошкото здружение Зелена Средина Скопје

Сите знаеме дека Скопје е моментално на врвот на листата најзагадени градови во Македонија. Граѓаните ја чувствуваат не само лошата миризба, туку и загаденоста и се повеќе од нив имаат потешкотии со дишењето.

Аерозагадувањето е голема опасност и претставува олеснителност за вирусите да ги нападнат белите дробови. Големото ниво на ПМ 10 честичките ги надминува дозволените граници, некаде достигнува дури и над 260 ПМ 10 честички. Иако мерките кои се во припрема не би биле доволни за да се реши проблемот со загадувањето, неколку измени би помогнале да се намалат овие податоци, а истите вклучуваат измени во работното време на граѓаните, сообраќајот, распоредот на индустријата, начинот на греење, итн. Доколку овие мерки не се имплементираат наскоро, не очекува пораст наместо намалување на бројките. Ситуацијата е алармантна, особено сега земајќи го предвид и коронавирусот, и истата може да доведе и до зголемување на бројката на смртни случаеви. Последната наша студија покажа дека загадениот воздух предизвикал смрт дури кај 15% од луѓето со вирусни болести. Овој податок е загрижувачки не само за хронично болните, туку и за старите лица, бремени жени, деца, кои може да почувствуваат иритација на дишењето или респираторни проблеми. Додека препораките се да не поминуваме подолго време на отворено, проблемот со загадувањето ќе биде присутен.

Здружението Зелена Средина Скопје Активно ке се бори во предстојниот период да допринесе во намалувањето на загадувањето и на решавање и отстранување на дел од овиее проблеми.

Back to top button
Close