Беретини: Поради повреда морав да се повлечам од АО

 Десеттиот рекет на светот Матео Беретини на прес-конференција ја образложи неговата одлука да се повлече од Австралија опен.

Денешната прес-конференцијата започна со прашање од модераторот: „Матео, кажи ни за натпреварот и како се чувствуваш на теренот“.

Италијанецот се смееше и одговори:

– Имам проблем со стомачните мускули. Зборував со докторот и ми рече дека може да се влоши. Тимот и јас одлучивме дека не вреди да се ризикува. Се повредив на претходниот натпревар со Качанов. И се покажа дека повредата е посериозна отколку што мислев,  информира италијанскиот тенисер.

Тој требаше претпладнево да се сретне со Стефанос Циципас во последното осминафинале на Австралија опен.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close