Ханси Флик: Лигата на шампиони не мотивира
Тренерот на актуелниот европски првак Баерн Минхен, Ханси Флик, изјави пред утрешниот дуел против Лацио дека натпреварите од Лигата на шампиони се посебна мотивација за неговиот тим.
-Мораме да бидеме во врвна форма во Лигата на шампиони. Ова се посебни натпревари за нас и очекувам дека ќе бидеме многу мотивирани, рече Флик на конференцијата за новинари пред првиот натпревар од осминафиналето против Лацио во Рим.
-Имаме идеја како сакаме да играме и тоа сакаме да го покажеме од самиот почеток. Имам целосна доверба дека мојот тим ќе го стори тоа утре, додаде тренерот на Баерн.