Компаниите кои остварувале добивка три години пред почетокот на кризата нема да добијат пари – познато кој ќе добие помош за плати
Владата го донесе петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра.

Владата планира 30 милиони евра да потроши за поддршка на компаниите за исплата на плати за месеците февруари и март со која ќе бидат опфатени 60.000 работници, пренесува Плусинфо. Висината на помошта зависи од тоа колку се намалени приходите на компаниите и од тоа дали е непроменет бројот на вработени. Изготвен е и предлог законот за кој треба да се изјаснат пратениците.
Сметководителите први израгираат на поредлог закаонот и побараа јануари 2021 година да не влегува во споредбениот период од три месеци поврзани со условот – остварени приходи на компаниите.
Според предвиденото, компанијата за да може да ја користи помошта треба да има намалени приходи од најмалку 30 отсто во месеците ноември, декември 2020 година и јануари 2021 година во однос на месечниот просек на вкупните приходи од редовното работење остварени во периодот ноември, декември 2019 година и јануари 2020 година.
Помошта е скалеста односно за намален приход од 30 до 40 проценти, државата дава до 14.500 денари. За намален приход од 40 до 50 проценти износ на финансиска поддршка до 15.955 денари, за намален приход од 50 до 60 отсто, поддршката е 17.410 денари. Ако приходот е намален од 60до 70 отсто износот на финансиска поддршка е до 18.865 денари, а за намален приход од 70 до 80 проценти се одобрува помош до 20.320 денари, додека за намален приход од над 80 отсто износот на финансиска поддршка е до 21.776 денари.
Компаниите, исто така, ќе треба да го задржат истиот број на вработени и по завршување на месецот во кој ја користреле помошта и тоа за скалестиот процент во зависоност од вкупниот број вработени.
Еден од условите за добивање на помошта е компанијата да не го намалила бројот на вработени во месецот за кој се бара финансиската поддршка.
Услов за добивање на помошта за плати е и компанијата да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување,.
Компаниите кои исплатуваат високи плати не можат да аплицираат за овој вид на помош од државата.
„Работодавачот-барател на финансиска поддршка кој на повеќе од 10 отсто од вкупниот број вработени им исплатува поединечна нето плата повисока од 120.000 денари за месецот за кој се бара финансиска поддршка не ги исполнува условите за помош“, стои во предложениот закон.
Право на помош нема ниту работникот кој за месец октомври, ноември и декември 2020 година и јануари 2021 година, остварил нето плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно.
Дополнително и компаниите кои остварувале добивка три години пред почетокот на кризата не може да добјат помош за исплата на плати, освен оние со повеќе од 2.000 вработени.
„Финансиска поддршка за исплата на плати не може да користи работодавач кој во годишната сметка и финансиските извештаи за 2017, 2018 и 2019 година има кумулативно акумулирани добивки поголеми од 600.000.000 денари. По исклучок, работодавачот кој има повеќе од 2.000 вработени лица во месецот за кој користи финансиска подршка а во годишната сметка и финансиските извештаи за 2017, 2018 и 2019 година има кумулативно акумулирани добивки поголеми од 600.000.000 денари, може да користи финансиска поддршка за исплата плата согласно овој закон.
Помошта не ги опфаќа и компаниите кои зеле помош, а не им исплатиле плати на вработените.






