Инфантино со поддршка за Сејдини

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, денес преку видео-порака му искажа поддршка на актуелниот претседател и единствен кандидат на Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

– Не можам да бидам со вас, бидејќи сум во Мароко, но со срцето сум таму со вас. Муамед е номиниран како единствен кандидат на претседателските избори во вашата федерација. Драг пријателе, ти честитам однапред. Одлично ја работиш работата и се разбира дека ќе продолжиш така со својот тим и во иднина. Честитки и за пласманот на македонската репрезентација на Европското првенство. Вашиот слоган е „Сега е наше време“. Сега е ваше време, време да заблескате, да се развивате и во женскиот и младинскиот фудбал. Во овој развој секогаш можете да сметате на ФИФА. Со нетрпение чекам кога ќе дозволат условите да дојдам и повторно да се сретнеме. Ви посакувам успешно Генерално изборно собрание и успешен настап на ЕП, стои во обраќањето на Инфантино.

ФФМ денес ќе одржи Изборно собрание на кое се очекува Муамед Сејдини да добие нов претседателски мандат.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close