Владата усвои информација за унапредување на процесот за фискална децентрализација
Владата на денешната 54-та седница ја усвои информацијата на Министерството за финансии за реформа во насока на унапредување на процесот за фискална децентрализација, соопштија од прес службата на владата.
– Реформата на фискалната децентрализација се состои од низа мерки и активности кои се содржани во три столба – подобрување на фискалниот капацитет на општините, домаќинско работење и отплата и репрограмирање на долгови, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините, информираат од Владата