Највисоко полско државно одликување за Левандовски

Претседателот на Полска Андреј Дуда потврди денеска дека идната недела на фудбалерот Роберт Левандовски ќе му биде врачено највисоко државно одликување.,

Најдобриот стрелец и фудбалер на светот за 2020 година, 32-годишниот Левандовски, кој со Баерн Минхен минатата сезона освои шест трофеи, в понеделник во претседателската палата во Варшава ќе биде одликуван со крстот „Полонија Реститута“, еден од највисоките ордени во Полска.

Левандовски, како што е соопштено, ќе биде одликуван за „исклучителни спортски достигнувања и промоција на Полска во светот“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close