Де Роси започнува тренерска кариера во италијанската репрезентација

Поранешниот италијански фудбалер Даниеле Де Роси од денеска е нов член на стручниот штаб на националниот тим предводен од селекторот Роберто Манчини.

Де Роси официјално ќе ја започне својата тренерска кариера следниот викенд за кога е закажан првиот собир на италијанската репрезентација во местото Коверчијано, во пресрет на почетокот на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022 година.

-Горд сум што започнувам нова кариера со националниот тим и сакам да им се заблагодарам на Италијанската фудбалска федерација и на селекторот Манчини на укажаната доверба, изјави Де Роси.

-Враќањето во Коверчијано ќе биде емотивно за мене. Тоа за мене значи враќање дома и повторна средба со толку многу поранешни соиграчи и мои пријатели, додаде 37-годишниот поранешен фудбалер на Рома.

Де Роси во кариерата одигра 116 натпревари во дресот на Италија со која во 2006 година ја освои светската титула.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close