Лестер преку Манчестер јунајтед до полуфиналето на ФА купот

 Лестер вечерва го победи Манчестер јунајтед со 3:1 во четвртфиналето на ФА купот на домашен терен.

Во полуфиналето, Лестер ќе игра против Саутемптон. Овој натпревар ќе се одржи на 17 април.

Покрај Лестер, полуфинале во ФА купот денес изборија и фудбалерите на Челзи. Тие во следната фаза ќе се соочат со тимот на Манчестер сити.

Победниците ќе играат за трофејот во финалето закажано за 15 мај.

Back to top button
Close