Осака го откажа олимпискиот оган поради наплив на новозаразени со коронавирусoт

Јапонците предупредуваат: ЛОИ се неизвесни и во 2021 година - МИА

Властите во јапонската префектура Осака ги откажаа сите манифестации во областа поврзани со доаѓањето на олимпискиот оган поради рекордно високите бројки на заразени со коронавирус, поттикнувајќи ги надлжените да прогласат вонредна состојба.

Префектурата соопшти денеска за над 800 нови случаи на заразени со коронавирус, а поради компликации на болеста болничките капацитети во областа се исполнети со околу 70 отсто.

Јапонските власти стравуваат дека Јапонија влегува во четвртиот бран од заразата на само 107 денови пред почетокот на Олимписките игри во Токио, додека процесот на вакцинација сè уште е во почетна фаза.

Гувернерот на Осака, Хирофуми Јошимура, рече дека сите улични манифестации околу дочекот на олимпискиот оган се откажани, додавајќи оти медицинскиот состав е под голем притисок, бидејќи мутациите на коронавирусот го зголемиле бројот на заразени случаи меѓу младите луѓе.

– Речиси е сигурно дека овој мутиран сој е многу заразен и со многу брза трансмисија. Би сакал да ги замолам сите жители на префектурата Осака да се воздржат од непотребни излегувања, порача гувернерот на Осака во прогласот до локалното население.

Back to top button
Close