Тејтум стана најмладиот играч во историјата на Бостон кој постигнал над 50 поени на еден натпревар

 Кошаркарот на Бостон, Џејсон Тејтум ноќеска постави клупски рекорд на натпревар од регуларниот дел од сезоната против Минесота.

Селтикс победија по продолжение со 145:136.

Кошаркарот средбата ја заврши со 53. Дваесет и тригодишниот Американец е најмладиот играч во историјата на Бостон кој постигнал 50 или повеќе поени на еден меч.

Воедно, Тејтум постави личен рекорд во својата кариера.

Во сезоната 2020/21, тој има просек од 25,1 поен, 7,0 скока и 4,3 асистенции по натпревар.

Back to top button
Close