КАС и ИДСЦС одржаа онлајн конференција за патот на Македонија кон ЕУ

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Институтот за демократија Societas Civilis ja организирaше онлајн конференцијата „Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и улогата на Европскиот парламент“. Целта на конференцијата имаше за цел да поттикне дискусија за улогата и учеството на законодавните тела во процесот на пристапување кон Европската унија, со посебен осврт на Собранието на Република Македонија и неговиот однос со Европскиот парламент.

Конференцијата ја отворија Даниел Браун, официјалниот претставник на КАС во Македонија и Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС, најавувајќи ги како говорници Горан Мисовски, потпретседател на македонското, г-ѓа Марион Валсман, потпретседател на делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Македонија, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, Претседател на Националниот совет за европски интеграции и г-дин Владимир Билчик, член на делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Македонија. Конференцијата беше модерирана од страна на Зоран Нечев, раководител на Центарот за европски интеграции од ИДСЦС.

Со недобивањето на датум на преговори и разочарувањето на граѓаните по таа одлука, на конференцијата беше истакнато дека тоа не е причина Македонија да се обесхрабри и да продолжи да работи на патот кон ЕУ. Со новите контури на новата преговарачка методологија и групирањата на поглавјата во кластери ја зголемува комплексноста на реформите, а се заклучи и дека Собранието минатата година работеше под нивото на работа досега, поради пандемијата, но и поради блокирањето на седниците од страна на некои политички партии.

Горан Мисовски истакна дека Собранието во континуитет ја потврдува својата цврста определеност да биде двигател на реформите и да испорача конкретни мерки за европските аспирации на граѓаните, со поддршка од Европскиот парламент.

Марион Валсман е цврсто убедена дека брзо ќе почнат формалните преговори со ЕУ. Според неа, за решавањето на билатералните односи помеѓу државите, Европскиот Парламент може да олеснува дијалози и да ги презентира вредностите на добрососедски односи, меѓутоа треба и дополнително да се доближат луѓето кон позиција која не едноставна. Со дијалог смета дека би се направило придвижување кон решавање на проблемите кои произлегуваат од историските сегменти и решавање на билатералните односи.

Таа рече дека добра вест е што преку процесот Жан Моне ќе се продолжи и работата на мешовитиот комитет.

„Основната порака на 18-тата седница на мешовитиот парламентарен комитет беше дека  сакаме формална рамка за преговори, но нагласивме дека се потребни напори за да се спроведат реформи. Порано бев министерка за правда и затоа знам дека за силен, суверен уставен состав е потребна силна правна држава и борба со корупцијата. Мислам дека долгата дебата и патот се однесуваат на тоа колку се слушаат гласовите на сите и како може да се обезбеди дека ЕУ се вклучува во процесот на преговори“, изјави Валсман,

Александар Николоски, претседател на Националниот совет за Европски интеграции ја образложи улогата на Националниот Совет, како едно исклучително добро осмислено тело чија што улога е да гради консензус во процесот на преговори.

Формирано е во 2008 година со посебен Закон и има специфична композиција на пратеници, членови на Владата и граѓанскиот сектор. Во однос на функционирањето на овој состав, Николоски истакна два проблеми, објективен и субјективен. Објективниот, според него е дека Македонија се уште не почнува преговори за членство во Европската Унија и практично Советот не може да ја оствари својата улога.

„Ја користам оваа можност да апелирам да има малку разум кај Бугарија и да престане со ова неразумно вето и блокирањето на почетокот на преговори за членство во Европската Унија“, апелираше Николоски од ВМРО-ДПМНЕ до Бугарија.

Како субјективен проблем, Николоски истакна дека овој парламентарен состав започнал со активности на власта како да имаат 2/3 мнозинство, а не само еден пратеник повеќе од тоа што е потребно за мнозинство во Собранието, дијалогот отсуствувал до скоро и Националниот Совет бил жртва на таквите активности.

Back to top button
Close