Меркел, Макрон и Си на онлајн самит разговараат за климатските промени

Германската канцеларка Ангела Меркел, кинескиот претседател Си Џинпинг и францускиот претседател Емануел Макрон денеска имаа онлајн самит на кој разговораа за напорите за справување со климатските промени, пренесе ДПА.
Според кинеската државна телевизија, тројцата лидери разговарале за соработка во справувањето со климатските промени, односите меѓу Кина и Европа, за заедничката работа во борбата против пандемијата на коронавирусот и за други меѓународни и регионални теми.
Во меѓувреме, американскиот специјален пратеник за климара Џон Кери се наоѓа во Шангај на средба со неговиот колега Кси Зенхуа на која го подготвуваат претстојниот самит на светските лидери, што американскиот претседател Џо Бајден го организира на 22 23 април, додава ДПА.
САД и Кина се двете најголеми економии во светот и истовремено се меѓу најголемите емитувачи со јаглерод диоксид.
Со цел да остане на своите рпокламирани климатски цели, Кина до крајот на оваа деценија ќе мора да ги исклучи повеќето од своите централи на јаглен и да ги замени со енергија од ветер и сонце, се наведува во студијата на истражувачката група „Транзиционеро“.
Кина ќе мора до 2030 година на половина да го намали интензитетот на користење на јагленот во своето производство на енергијата. Транзицијата кон чиста енергија, сепак, на долг рок на земјата ќе и заштеди 1,6 милијарди долари, се наведува во истражувањето.






