“Демократска Бугарија” и „Има таков народ“ одбија да го поддржат ГЕРБ за нова бугарска Влада

 „Демократска Бугарија“ ја одби поканата  од коалицијата ГЕРБ-СДС за преговори за поддршка на мандатот добиен од бугарскиот претседател Румен Радев за формирање нова влада по парламентарното избори на 4 април, соопшти лидерот на партијата Христо Иванов, поранешен министер за правда во една од владите на Бојко Борисов.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија, одговорот е даден во писмена форма и е упатен до Десислава Атанасова, која е претседател на парламентарната група ГЕРБ-СДС. Во писмениот одговор, Иванов соопшти дека предизборните определби на неговата партија и причината за длабоки реформи во судството и борбата против системската корупција ја исклучуваат можноста да одговорат на предлогот на ГЕРБ.

Според него, ГЕРБ продолжува да биде главен носител на маѓепсаниот модел на владеење „Борисов“ и обидите за лансирање фасаден модел на Советот на министри од именувани лица кои на никаков начин не го менуваат овој факт.

И од партијата „Има таков народ” на шоуменот Слави Трифонов, исто така, одбија да разговараат со партијата на премиерот во оставка Бојко Борисов.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close