СЕХА одреди датум за мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб

Регионалната ракометна СЕХА лига го одреди 1 јуни како термин за одигрување на последниот натпревар од групата А меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб, соопшти попладнево битолскиот клуб.

Натпреварот во Битола, како и дуелот меѓу Загреб и Шабац на 25 мај, ќе го одредат финалниот пласман во групата.

Поради најавите за вакцинација на спортистите и учесниците во СЕХА лигата, како и згуснатиот распоред, одлучено е четвртфиналните натпревари да се играат во август.

Почетокот на мечевите би бил 15 август, а точните датуми ќе бидат познати по консултациите со екипите.

СЕХА лигата реши следниот Ф4 турнир да се одржи во Задар,  од 3 до 5 септември.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close