ЦУК: Продолжува соработката со Албанија во управувањето со кризни и итни ситуации

Раководството на Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска имаше работна средба со високи претставници од областа на кризниот менаџмент на Република Албанија, во рамки на продолжување на соработката меѓу двете земји во управувањето со кризни и итни ситуации.

Како што соопшти ЦУК, на средбата бил в.д. директорот Стојанче Ангелов, заедно со замениот директор Екрем Зендели и кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS) Урим Вејсели.

– Генерално се разговараше за три основни теми: продолжување на досегашната соработка, за учеството на НАТО ЕАДРЦЦ вежбата во Македонија и за можната соработка и менување искуство при воспоставување на Единствениот европски број за итни ситуации 122. Притоа беше нагласено дека секоја држава во практичната надоградба ќе и помага на другата, со менување на искуствата особено во дел каде што едната држава е понапред во одредени области при имплементацијата и развојот на совремемениот менаџмент во системот за управување со кризи. Тоа е особено важно заеднички да се надоградува, беше нагласено од Ангелов, бидејќи кризите и катастрофите не признаваат и државни граници и соработката меѓу двете држави ќе спасува животи, информира ЦУК.

Делегацијата на Република Албанија престојува во дводневна работна посета на земјава и во нејзин состав се генералниот директор на Службата за заштита и спасување од пожар на Албанија, Алфред Кристули, Шкрким Гоџај – директор и Албан Љачи, главен раководител од Службата за Општина Тирана, а од Националната агенција за цивилна заштита на Албанија се директорите Клоџи Никола и Роберт Хисенлари.

ЦУК во соопштението потсетува дека во февруари годинава во Тирана, в.д. директорот Ангелов, заедно со кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС Вејсели, имаше работна билатерална средба со високи претставници и од Владата и од институциите од областа на кризниот менаџмент на Република Албанија во рамки на продолжување на соработката на двете земји во управувањето со кризни и итни ситуации.

-Конкретно, тоа беше настан директно поврзан со обуката за веб-базираната комуникациска платформа „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти“ (Next-Generation Incident Command System – NICS) и е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби“ во Западен Балкан којшто се имплементира во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS), информира Центарот за управување со кризи.

Back to top button
Close