Османи: Португалскиот предлог е добра основа, ама не треба преку медиумите да зборуваме за деталите

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изрази благодарност за португалското претседателство со ЕУ поради тоа што не стави високо во нивните приоритети во претседавањето. Смета дека не треба денеска преку медиуми да се зборуваме за деталите на португалскиот предлог. 

– Вчера дојдоа овде со предлог финално решение за надминување на разликите меѓу нас и Република Бугарија. Се случува тој предлог и во услови кога ние и билатерално воспоставивме комуникација и работиме на враќање на довербата. Деновиве двајцата претседатели ќе патуваат заедно за Ватикан. Во меѓувреме се договориме со бугарското Министерство за надворешни работи заеднички, неколку амбасади, низ неколку главни града во светот, заеднички да го одбележуваме Денот на Св.Кирил и Методиј и да продолжиме со имплементација на чекорите на секторска соработка, бидејќи како што често кажувам во услови на недоверба и најмалите проблеми изгледаат ненадминливи, во услови на доверба сите прашања може да се решаваат – рече Османи одговарајќи на новинарско прашање.

Многу е важно, како што рече, и паралелно да ја создадеме таа доверба меѓу нас и еве ја испраќаме таа порака на соработка и градење на доверба на прифаќање на Договорот за добрососедство како основниот начин за надминување на разликите помеѓу државите. Тој Договор, како што рече, го разбираме како обврска наша во нашите билатерални односи меѓутоа и за нашиот европски пат.

– Сите предлози коишто ќе ја зајакнат таа доверба во имплементација на Договорот, во обврските на двете страни да го имплементираат Договорот, мислам дека се дел од решението. Не мислам дека денеска преку медиуми треба да зборуваме за деталите на португалскиот предлог. Констатиравме дека е добра основа, да се продолжат овие разговори во деновите што доаѓаат. Реално роковите се кратки. Денес сме точно 30 дена пред одржување на Советот за општи работи на 22 јуни, а имајќи ги предвид другите тела коишто заседаваат порано тоа се ефективни две до три недели во коишто сите треба да се ангажираме, сите треба да се мобилизираме, бидејќи јас се сложувам дека јунскиот Самит е неповторлива можност која што ни се нуди – изјави Османи.

За словенечкото претседателство, смета дека тоа е добрата страна во следниот период доколку хипотетички не се искористи оваа шанса. Меѓутоа тој период е комплексен заради други околности, дали овде внатрешни, внатрешна динамика во Бугарија.  

– И оттука мојот став е дека целата енергија, сите карти треба да ги ставиме на јунскиот самит, да се обидеме во добра волја, во комуникација помеѓу двете страни со поддршката која денеска ја добиваме и не охрабрува и нас, но ги охрабрува и граѓаните за да се овозможи оваа јасна порака кон регионот, бидејќи регионот се наоѓа пред критичната точка на губење на доверба во кредибилноста на процесот, а мислам дека сите имаме обврска да ја чуваме таа кредибилност и ЕУ, еве на дело го покажуваат пријателите, но и Република Бугарија има обврска да го чува кредибилитетот, и ние кандидати имаме обврска, како кандидати имаме обврска да работиме на зачувување на тој кредибилитет – посочи Османи.  

Тој порача дека Северна Македонија е симбол за кредибилноста за европската идеја. -Многу е важно не само за граѓаните на Северна Македонија, но на целиот регион, во оценувањето на колку кредибилен е овој процес, кога еден ден ќе бидеме членки на ЕУ и затоа е важно да дадеме правилни пораки, вистински пораки, изјави Османи.

Северна Македонија, како што потсети, е една од првите земји во регионот, која го започна процес на интеграција. 

– Има потпишано Договор за стабилизација и асоцијација малку подоцна од Словенија, а пред Хрватска. И 20 години е во имплементација, успешна имплементација за Договорот за стабилизација и асоцијација, креирајќи една трговска асоцијација, успешна, но исто така влегувајќи во втората фаза на овој договор. 16 години од добивањето статус за кандидат со десет препораки, една по друга од ЕК за почеток на преговорите – изјави Османи. 

Тој посочи на овие факти и на големите и долгите чекања, а потсети и на исполнувањето на сите критериуми побарани од ЕУ, било да се политички, економски. 

– Четириест отсто од европското законодавство е веќе транспонирано во домашното законодавство, 95 отсто од надворешната политика е усогласена со таа на ЕУ. И имајќи ги предвид овие факти, Северна Македонија е симбол за кредибилноста за европската идеја. И очите, не само на граѓаните на Северна Македонија, но на целиот регион во оценувањето на колку кредибилен е овој процес, кога еден ден ќе бидеме членки на ЕУ е многу важно. Затоа е важно да дадеме правилни пораки, вистински пораки – нагласи Османи. 

Back to top button
Close