Пендаровски и Радев: Патувањето во Рим е одлична можност за подобрување на дијалогот

Заедничкото патување до Рим и оддавањето на почит на Светите браќа Кирил и Методиј е прекрасен повод да го подобриме дијалогот меѓу нашите две страни на највисоко ниво, истакна бугарскиот претседател Румен Радев во кратката изјава која ја даде заедно со македонскиот колега Стево Пендаровски пред заеднички да одлетаат во Рим.

Пендаровски, пак, рече дека освен одбележувањето на Светите браќа Кирил и Методиј, ќе разговараат и за актуелните прашања поврзани со двете држави.

-Ова беше само воведен разговор, сосема кратка средба. Ќе имаме прилика во Рим или можеби на враќање да поразговараме дополнително. Нема исход од оваа средба бидејќи беше едно пријателско пиење кафе и само разговори за тоа што се случуваше последните два-три дена во Брисел. Знаете, јас кажав и претходно дека оперативните разговори меѓу нашите две земји ги водат Владите, така ќе биде и понатаму. Се разбира, ние ќе бидеме тука ако можеме да ја релаксираме атмосферата и да говориме за овој проблем кој постои меѓу двете земји во последната година со еден поинаков јазик. Мислам дека е потребно да направиме обнова на довербата и да разговараме за најтешките прашања кои не разделуваат и јас се надевам дека наскоро ќе нѐ зближуваат, рече Пендавоски.

Back to top button
Close