Пендаровски и Радев на заедничко чествување на свети Кирил и Методиј во Рим
Со посетата на базиликата „Санта Марија Маџоре“, претседателите на С Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев, денеска заеднички ќе им оддадат почит на светите браќа Кирил и Методиј. Двајцата претседатели ќе положат цвеќе пред пред спомен-плочата во чест на сесловенските просветители. Тие ги предводат делегациите на двете земји во посета на Рим и Ватикан во нивна чест.