Филипче: Во недела гласајте за Јовица Радески и за конкретни решенија за Брвеница
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва на завршниот митинг во Брвеница ги повика граѓаните во недела да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот за градоначалник на СДСМ Јовица Радески, кој нуди конкретни проекти и решенија за граѓаните на општина Брвеница. Филипче порача дека Брвеница заслужува промени, по неуспешното владеење на ВМРО, кои ги изневери очекувањата на граѓаните, се наведува во соопштение од СДСМ кое МИА интегрално го пренесува.
„Пред неколку недели, од овде, од Брвеница, ја започнавме оваа кампања.Бевме меѓу луѓето, ги слушавме, ги презентиравме проектите, програмата, решенијата.Вечерва, неколку дена пред крајот на кампањата, со уште поголема сила, мотив и енергија, ве повикувам: излезете и гласајте в недела.Нека зборува вашата волја, нека зборува вашето гласачко ливче“, рече Филипче.
Тој истакна дека граѓаните најдобро знаат кому треба да му ја дадат довербата, посочувајќи дека Јовица Радески е човек кој ги познава проблемите на жителите и има програма со конкретни решенија за нив.
„Вие најдобро знаете за што се гласа.Се гласа за добар, вреден и чесен човек – Јовица Радески. Сите вие добро го познавате, секој ден е меѓу вас, во секое село и во секој дом.Има решенија за проблемите, преточени во неговата програма“, рече Филипче.
Филипче ги повика граѓаните да изберат конкретни проекти што ќе го подобрат секојдневниот живот во општината, наместо празните ветувања со кои ВМРО ги разочара граѓаните.
„Се гласа за конкретни решенија и проекти. Обновена и проширена водоводна мрежа, пречистителна станица за отпадните води,обнова на системот за наводнување на обработливото земјиште, реконструирани улици и локални патишта, проширени мостови, агроиндустриска зона за преработка. За подобри услови во училиштата, расчистени диви депонии, уредено управување со отпадот и простори за одмор и рекреација“, рече Филипче.
Тој порача дека изборот во недела е меѓу продолжување на досегашното неуспешно владеење на ВМРО и можноста граѓаните да ја вратат општината во свои раце.
„Се гласа за промени во Брвеница, за да ја вратиме општината во рацете на жителите. Локалната власт досега беше во рацете на ВМРО и тие ги изневери граѓаните. Еден градоначалник помалку за ВМРО, една општина повеќе за граѓаните“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва од завршниот митинг во Брвеница порача дека доаѓа времето на вистината и правдата и дека Мицкоски и неговата ВМРО, ќе одговраат. Филипче посочи дека Мицкоски преку црни кампањи, напади и обиди за замолчување на опозицијата сака да ја спречи СДСМ да ја разобличува власта. Тој порача дека нема да се откаже од борбата и дека ќе дојде времето кога ќе има одговорност за криминалот и корупцијата на власта.
„Пред некој ден, Мицкоски дојде и овде, во Милетино, и на митингот кажа, СДСМ треба да се уништи. И еве да му одговарам од овде. Знам се што правиш, Христијане. Знам дека сакаш да уништи СДСМ. Затоа што се плашиш. Затоа што ние не сме ти под контрола. Затоа што сме единствената, силна, кредибилна опозиција во земјава. И се плашиш затоа што ќе одговараш и пред нас, и пред народот, и пред европското винителство“, рече Филипче.
Тој додаде дека Мицкоски наместо да се соочи со критиките и да одговори за своите постапки, се обидува да ја дискредитира опозицијата преку навреди, закани и медиумски напади.
„Затоа ровариш. Затоа е црната кампања, затоа ме правите убиец на деца на вашите медиуми. Затоа се навредите, заканите, омразата – „талог“, „мочуриште“, „медиокритети. Затоа ги правиш новите сателити. ЗНАМ, веќе се распадна и не постои. Тоа го искористи. Ти требаше нова платформа. Втор дел на ЗНАМ. Ти требаат сателити. Како Левица против НАТО, против Европа, против албанскиот јазик“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ во обраќањето му порача на Мицкоски дека залудни му се сите сателети бидејќи СДСМ е како пиреј и нема да биде уништен и останува посветена на граѓаните и на европската иднина на државата.
„ Христијане, нека не те лажи умот. Ние сме како пиреј. Никој нас не може да не уништи. Затоа СДСМ е со народот, СДСМ е граѓаните, работниците, земјоделците, пензионерите, младите што сакаат да останат во ова земја. СДСМ е Европа, напредок, развој, патриотизам, државнички политики. СДСМ е искреност и вистинска љубов кон татковината и кон сите наши граѓани. СДСМ е соживот, почитување на различностите. СДСМ е поддршка за ранливите. СДСМ е партија што постои за народот и за Македонија“, рече Филипче.
„Мицкоски, нека не те лаже умот. Ние сме како пиреј. СДСМ нема да ја уништите!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Брвеница, одговарајќи му на Христијан Мицкоски по неговата изјава дека СДСМ треба да се уништи,
„Пред неколку дена арамијата Мицкоски дојде во Брвеница, во Милетино, и на својот митинг кажа дека СДСМ треба да се уништи. Еве, да му одговорам од овде: Знам сѐ што правиш, Мицкоски. Знам дека сакаш да ја уништиш СДСМ. Знам дека сѐ што правиш е за да нѐ уништиш. Затоа што се плашиш. Се плашиш затоа што СДСМ не ти е под контрола. Затоа што сме единствената вистинска опозиција во земјата“, порача Филипче.
Филипче посочи дека нападите врз СДСМ, црната кампања, навредите и ширењето омраза нема да ја сменат улогата на партијата како единствена вистинска опозиција.
„Се плашиш затоа што знаеш дека ќе одговараш за криминалот пред Европското јавно обвинителство. Се плашиш затоа што ти паѓа поддршката, а СДСМ расте.
Затоа ровариш. Затоа е црната кампања, затоа ме правите убиец на деца на вашите медиуми.
Затоа се навредите, заканите, омразата – „талог“, „мочуриште“, „медиокритети““, рече Филипче.
Филипче од Брвеница упати директна порака до Мицкоски дека СДСМ нема да се повлече и дека ќе продолжи да се бори за граѓаните и за Македонија.
„СДСМ е народот, СДСМ се граѓаните. Работниците, земјоделците, пензионерите, младите што сакаат да останат во оваа земја. СДСМ е Европа, напредок, развој, патриотизам, државништво. СДСМ е искреност и вистинска љубов кон татковината и кон сите наши граѓани. СДСМ е соживот, почитување на различностите. СДСМ е поддршка за ранливите. СДСМ е партија што постои за народот и за Македонија.
Не можеш да нè уништиш и нема да нè уништиш. Христијан, на крај ќе ти порачам една стара поговорка: кој на друг гроб му копа, сам во него паѓа. Доаѓа времето на вистината и правдата. Ќе одговарате! Сите до еден!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Линк до видео: https://www.youtube.com/live/BPv2_7wvtpQ
Линк до видео: https://www.youtube.com/live/BPv2_7wvtpQ
Линк до видеото: https://www.youtube.com/live/BPv2_7wvtpQ?si=rT5fVUDcNPP7Avuo






