Алкалоид и со пораз обезбеди осминафинале во ЕХФ Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид се пласираа во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп, откако вечерва и покрај поразот на гостински терен од словенечки Горење од 29-23 ја зачува предноста од девет голови од првиот натпревар во Скопје.
Домаќинот во финишот на првото полувреме дојде до предност од три голови (13-10), а во продолжението и до највисоки +6 (26-20).
Сепак, составот на Кирил Лазаров го спречи налетот на Горење и до крајот ја зачува предноста од првиот натпревар на кој пред своите гледачи победи со 32-23.
Цехте со шест голови беше најефикасен во редовите на Алкалоид, кој му се приклучи на ГРК Охрид во жрепката за осминафиналето која е закажана за 12 јануари идната година во Виена






