Учениците нема да добијат свидетелства доколку не им се исплати прекувремената работа на наставниците, велат од СОНК

Наставниот кадар во некои основни училишта ќе излезат на штрајк, односно нема да ја завршат учебната година и учениците нема да добијат свидетелства, ако до 1 јуни наставниците не ги добијат средствата коишто им се должат по основ на прекувремена работа, рече на денешната прес конференција претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

„Апелирам до сите основни училишта, до Министерството за образование, нека најдат што побрзо решение за настанатиот проблем, во спротивно учебната година во голем дел од училиштата нема да заврши, а можеби по пат на солидарност, учебната година нема да заврши во основното образование“, рече првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.

Како што информираше Неделков, иницијативата веќе е започната во училиште во Куманово.

Back to top button
Close